Објавено на:

Бидете поажурни и расчистете си ја тревата околу дворови, порачаа од неготинскиот кризен штаб, четврти ден не може да се локализира големиот пожар!

t

Четврти ден по ред не може да се локализира и да се изгасне пожарот кај Неготино. Гори планината Серта, а од утрово се гаси со два хеликоптери и со трите ер трактори.

Исто така, од земја се гаси со поголем број на екипи од противпожарни единици од Неготино, Кавадарци и други општини, како и екипи од неготински и кавадаречки Комуналец, волонтери и членови на неготинското ловечко друштво. Сепак, дел од воздухопловите кои се вклучени во гасењето, наскоро треба да заминат на гасење на пожарот кај Ново Село.

Од неготинскиот кризен штаб доцна синоќа излегоа со инструкции за граѓаните по повод состојбата. Им порачаа да бидат поажурни, но и да си ја расчистат тревата околу дворовите и имотите, како во селата, така и во градското подрачје.

-Кризниот штаб апелира до сите домаќинства во селата во Општина Неготино и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја. Исто така апелираме до месното население за поголема ажурност, следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места- наведено е во јавното соопштение кое го објави градоначалникот, д-р Горан Стојанов.

Претходно од ЦУК известија дека пожарот го гаснат два ер трактори и два хеликоптери, еден на МВ, еден на АРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…

Во пожар изгоре штала на коњичкиот клуб…

Во пожар изгорела штала од коњички клуб…

Бог да чува: Млад човек се пробол…

Вистинска драма се случувала во кафеана во…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…