Биди хуман, донирај униформа: Независниот полициски синдикат собира униформи, велат МВР нема да набави
Независниот полициски синдикат започнува акција за донирање на искористени полициски униформи, бидејќи, како што велат тие, новите колеги сигурно нема да добијат униформи.
– Почитувани колеги,
Поради тоа што веќе подолг период Министерството за внатрешни работи нема набавено униформи, а за некој ден во нашите редови доаѓаат и нови колеги, кои исто така нема да добијат ниту едно парче од униформа и ќе бидат оставени сами на себе, започнуваме со ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА.
Сите хумани пензионирани колеги, но и сите оние хумани луѓе кои имаат останато било каква употреблива униформа ќе може истата да ја донираат во канцеларијата на НСП секоја сабота од 10.00 до 12.00 часот.
Донираната униформа ќе биде испрана, сортирана и поделена на сите колеги на кои им е неопходна, а доколку акцијата се покаже како успешна истата ќе ја предложиме и на Министерството како идејно решение за да ја спроведат самостојно и во нивна организација.
Да ставиме крај на продажбата на употребувана униформа!
БИДИ ХУМАН, ДОНИРАЈ УНИФОРМА!, напиша член на НСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 330.000 ДЕНАРИ чинело патувањето на Тошковски…
Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“,…
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…
МВР по барање на Австрија го проверува…
Македонската полиција информира дека постапува по барање…
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…