Бизарно: Постојано се крадат решетки и сливници од шахтите

И покрај многубројните апели на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за одговорно однесување кон атмосферската канализација, кражбите на решетки од сливниците, продолжуваат и понатаму.
Како што информираат од претпријатието, овој пат украдени се 13 решетки на сливници на улицата „Среќко Пужалка“ и четири на улицата „Финска“.
– Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок – потенцираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Оттаму посочуваат дека ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.
Пред една недела беше извршена кражба на 10 решетки на сливници на улица „Среќко Пужалка“ број 5 и на улицата „Финска“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…
Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…
Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…
Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…
Поради дефект МНР и зградата А1 без…
Во Министерството за надворешни работи (МНР) нема…
(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно…
Скопје влегува во 21 век, жителите на…
Сопиште денеска без вода
Од Водовод Скопје информираат дека населбата Сопиште…