Бил Гејтс се огласи на Твитер: Јас и Фаучи сме мета на дезинфopмации зошто би сакал да ги чипиpaм луѓето
Деви Шридар е американски истражувач за јавно здравје, кој е и професор и претседател на невладина организација која се занимава со јавно здравје на Универзитетот во Единбург. Нејзиното истражување ја разгледува ефективноста на интервенциите во јавното здравство, Шридар ја раководи Програмата за глобално управување со здравјето на Универзитетот во Единбург, која ја основаше во 2014 година.
На Твитер во преписка со милијардерот Бил Гејтс разговарааа за многу теми поврзани со пандемијата на коронавирус, но клучното прашање се однесуваше на тоа која иновација на поле на науката ќе ни помогне најмногу за време на пандемијата.
Според милијардерот, вакцините за коронавирус се најзначајниот изум, а следниот чекор би бил истите да нудат долготраен имунитет против коронавирусот.
Сепак преписката отиде во неочекуван правец кога Гејтс реши да коментира тема која долго време е актуелна на социјалните мрежи, но никогаш не проговорил на истата.
Гејтс ја запраша јавноста зошто би сакал да ги чипува луѓето, посочувајќи дека лично тој, Ентони Фаучи и Шридар биле мета на голем број дезинформации за време на пандемијата.
-Луѓето како тебе, јас и Тони Фаучи бевме предмет на многу дезинформации. Не го очекував тоа. Некои од нив сакаат јас да ставам чипови во раце тоа нема смисла за мене – зошто би сакал да го направам тоа, пишува Гејтс.
People like you and I and Tony Fauci have been subject to a lot of misinformation. I didn't expect that. Some of it like me putting chips in arms doesn't make sense to me – why would I want to do that?#
— Bill Gates (@BillGates) January 11, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…
Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…
Ако го читате овој пост тоа е…
Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…
Предмалку на својот официјален Твитер профил се…
ЕУ најави истрага за Х (Твитер) на…
Платформата е обвинета за кршење на условите…
Тргната забраната на Х (Твитер) за Алекс…
Десничарската личност стана последниот егзил на кој…