Битиќи: Административците да не очекуваат дека кај нив ќе завршат парите што би се скратиле од функционерите

t

Вработените во јавниот сектор да не очекуваат дека доколку се скратат платите на функционерите, тие пари ќе завршат кај нив, порача вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи.

Битиќи смета дека тоа очекување е погрешно и се сомнева дека станува збор за политичка манипулација од страна на опозицијата.

-Тоа очекување е погрешно, и некој едноставно сака да да креирта такво очекување, затоа што било кое намалување, или ако има намалување нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на 135 илјади вработени во јавниот сектор, затоа што зборуваме за 1.260 избрани и именувани лица. Така да, креирање на лажни очекувања е само производ на одредена политичка партија – вели Битиќи.

Тој најави пакет антикризни мерки во кој предвидени се над 70 милиони евра, а дополнително и парите од солидарниот данок кој се слеаа во буџетската каса одат за граѓаните.

-Парите се насочени кон најранливите категории на граѓани. Овде спаѓаат пензионерите кој што ќе добијат одреден надоместок наредни неколку месеци, ученици, студенти, самохрани родители, буквално најранливи категории, опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени. И за тоа се користат средствата од солидарниот данок – рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…