Битиќи: Ги исполнивме ветувањата за повисоки плати!
„Тоа што го направивме изминатите четири години особено во сегментот на економија и подобрување на квалитетот на живеење, не занемарувајќи ги околностите под кои сето тоа се случуваше, ни одат во полза на ветувањата. Ние во 2020 година скоро се што имаме ветено по основ подобрување на квалитетот на живот, подобрени приходи за сите работни места во јавниот или во приватниот сектор, имаме постигнато, дури направено и повеќе”, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „Вин-Вин”, која се емитува на телевизија Телма.
Тој посочи дека во 2020 година кога се правеше предизборната програма на СДСМ, имаше опоненти кои укажуваа дека е скоро невозможно да се постигне минимална плата од 20.000 денари, но тоа е постигнато и надминато.
„Ние во 2020 година, бев во слична ситуација кога ја правевме програмата, тогаш опонентите ни кажуваа дека тоа е скоро невозможно да се постигне минимална плата од 20.000 денари, ние не дека ја постигнавме минималната плата од 20.000 денари, туку отидовме на 22.500 со системско решен момент на постигнување на тоа. Дополнително од просечна пензија некаде 12.000 денари стигнавме на 19.900 денари просечна пензија, иако ветувањето беше дека ќе имаме просечна пензија од 18.000 денари. Просечна плата во државата, ветеното беше дека ќе стигнеме некаде околу 30.000 денари, денеска сме стигнати на 40.000 денари што е скоро 30% над ветеното”, рече потпретседателот Бититќи.
Според него, се што е направено изминативе четири години дава доволно можности да се видат кои се реалните состојби во приватниот и јавниот сектор, и се што е предвидено во програмата на СДСМ ќе биде постигнато.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…
ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…
Европскиот извоз во трети земји во мај…
Србија планира изградба и модернизација на 2.000…
Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…