Битиќи ги реши административците: Тие што со неплатен одмор заминаа да работат во странство да се вработат во приватен сектор кога ќе се вратат
Административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила. Ова е предлогот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прашањето на „Телма“ дали трендот вработени од јавната администрација да заминуваат на неплатен одмор за да одат на печалба има загрижувачки размери.
Фактот дека можат да добијат неплатен одмор значи дека нивните работни места не се потребни. Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби, вели Битиќи.
Тој нагласи дека во приватниот сектор има недостиг од 10 000 работници, а државата, според него, е подготвена да го стимулира процесот на преминување во приватниот сектор со субвенции за придонесите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот…
Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници…
Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и…
Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки…
МИОА: Новиот закон ќе ја деполитизира администрацијата
Законот за висока раководна служба е сосема…