Битиќи: Да се обединиме, да се помириме со Бугарите и да одиме во ЕУ

t

Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба, напиша на Фејсбук вицепремиерот Фатмир Битиќи по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба, напиша на Фејсбук вицепремиерот Фатмир Битиќи по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Битиќи посочува дека пораката за заедништво особено се истакнува во Крушевскиот манифест.

–  Во Крушевскиот манифест со повикот до комшиите и пријателите без разлика на вера, убедување и народност, всушност, е вградена визијата за Македонија. Таа порака со желба за подобар живот е света водилка по која се водиме до денешен ден. Делбите се најголемата пречка за напредок на државата. Да ги запреме поделбите. Да се обединиме внатре, да се помириме со соседите за обединување со европското семејство. Честит 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, напиша Битиќи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…