Битиќи: Долгот за струја на институциите ќе биде платен!

t

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи вечерва изјави дека долгот за неплатените сметки за струја на здравствени установи и јавните институции ќе биде платен онолку колку што можат да се најдат средства во буџетот за да не се скрати од други проекти или потреби на граѓаните.

-Се согласувам дека е нужно да се преземат активности во сите овие институции, особено да се влезе во реструктуирање, како што тоа го најавивме и за Пошта, каде веќе почна и од 1 јанаури ќе има целосно нова систематизација, со нови работни места, типови на работни места, нема да се дозволи да се зголемува бројот на вработени, туку се оптимизираат работни места за да се направи пофункционален систем. Тоа се прави и во „Железници Транспорт”, појасни Битиќи во Дневникот на Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…

Заедништвото е клучната порака која во наследство…

Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…

Нема да има рестрикции на струја по…