Битиќи: Мицкоски ја ризикува нашата иднина под превезот на лагата дека го штити идентитетот
Треба да е јасно, ВМРО – ДПМНЕ ја ризикува нашата иднина, под превезот на лагата дека го штитат идентитетот. Идентитетот и јазикот се заштитени, и за тоа ги имаме сите потврди, напиша на Фејсбук вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
„Не е време да се молчи, затоа што лагите во моментов се шират гласно. Вистината е – Македонија во Европска Унија!“, напиша Битиќи.
Тој пишува дека знае и Христијан Мицковски и цело ВМРО – ДПМНЕ дека Македонија и сите нејзини граѓани се на патот кон ЕУ и од тој пат назад не треба и нема да има.
„Тие впрочем не ни нудат друга опција, само прават политички пазар со нашата иднина. Тоа граѓаните го гледаат и на избори верувам дека ќе го казнат“, пишува Битиќи.
Уставните измени се влезени во Собрание, пишува Битиќи и додава дека уставната комисијата го поддржа предлогот за пристапување кон измени и враќање назад нема.
Според него враќањето назад е пат назад од веќе трасираниот пат кон ЕУ, пат кој последниве 30 години е стратешка определба, на сите.
„Лична одговорност мора да има, сите треба да знаеме кој ќе гласа за нашата иднина а кој треба да биде обележан како политички калкулант и кој ги изневерил својот народ и држава“, пишува Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…
Нема да има рестрикции на струја по…