Битиќи најави инспекции за трговците: Не може цените да се зголемат 20% за 24 часа

t

Не може поскапувањата да бидат за 20 отсто за 24 часа, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи појаснувајжи дека а трговците и останатите дејности во голем дел се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби.

„Со особен интерес ги следиме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите.Не може цената да порасне за 24 часа за 20 посто, кога производствената цена не пораснала за 20 отсто во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај“, реагира Битиќи.

Тој напомена дека ги очекува извештаите од инспекциските служби со мерики за сите кои тоа го имаат направено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…

Заедништвото е клучната порака која во наследство…

Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…

Нема да има рестрикции на струја по…