Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ
„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ, на 8 мај гласовите ќе се бројат од нула“, порача ко-носителот на парламентарната листа во втората изборна единица на коалицијата предводена од СДСМ.
„На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од нула. Борбата не е завршена. Секој од нас има втора шанса да се вклучи енергично, со верба во себе и во СДСМ и да го промени текот на настаните. Ова од нас го бараат нашите деца, нашата држава, ова го бараат за да им ја заштитиме иднината.“ – кажа Битиќи
Дополнувајќи дека е потребен поглед напред, кон визијата за просперитетна и сплотена Македонија, членка на ЕУ, со силен економски раст и општество во кое секој граѓанин е третиран и ценет подеднакво.
„Една работа е јасна од првиот круг на претседателските избори, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска го достигнаа својот максимум на гласови, го достигнаа плафонот. Повеќе нема што да бараат, ниту да очекуваат од граѓаните на 8ми мај. Толку можат, ништо повеќе. А тоа не е доволно за победа на претседателските избори.
Ве уверувам дека со оваа реторика која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, со ксенофобијата на Гордана Силјановска Давкова не постојат гласови од албанскиот електорат кои тие ќе можат да ги добијат во вториот изброен круг на претседателските избори. За разлика од нив, пред нас е хоризонтот на гласови кон кој треба да се движиме на 8ми мај.“ – истакна Битиќи
Тој се осврна на фактот дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите. На Македонците, Албанците, Србите, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите – на сите кои се борат за европска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…