Битиќи: Не може да се усогласат сите плати во јавниот сектор за еден ден – Чудно е да се протестира уште пред да се исплати првата минимална плата
Зачудувачки е за нас што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договоривме за растот на минималната плата. Ние се договориме дека дијалогот ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.
Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.
-Ако ни била заедничката констатацијата дека член 8а од Законот за минимална плата дава рок од 6 месеци за усогласување тогаш да се испочитува тоа. Се уште не е исплатени ни правата плата според новиот закон, рече Битиќи.
Тој додаде дека Владата ќе го почитува членот 8 и дека ќе има усогласување на платите, бидејќи тоа е доблесно, но исто така кажа дека потребно е прилагодување на плановите поради почетокот на војната во Украина и влошувањето на економската и енергетската криза.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Владата е од друга планета?! Народот мака…
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…
Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…