Битиќи: Со месеци доцни повратот на ДВВ за компаниите, власта веќе им должи 300 милиони денари
Со месеци доцни повратот на ДВВ за компаниите, власта веќе им должи 300 милиони денари, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во одговор на новинарск прашање.
– Јас најавив дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании. Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните 7 години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе 4 месеци, ова покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година, рече Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…
Нема да има рестрикции на струја по…