БИТОЛСКИОТ БИЗНИСМЕН ИМА ОШТЕТУВАЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ И ХРАНОПРОВОДОТ – нови детали за случајот со испиената мистериозна „вода“
Познатиот локален бизнисмен од Битола е примен на Токсикологија и сега е во стабилна состојба, но со сериозни оштетувања на органи, јави ТВ Телма. Станува збор за 42-годишен пациент, кој на Токсикологија е примен пред три дена.
„Анамнестички покажува податоци дека пациентот бил во некое кафуле и инцидентно му е дадено корозивно средство. Кај нас е донесен свесен и контактибилен, сега е на интензивно лекување и се опсервира. При првите направени прегледи коишто се направени ендоскопски, гледаме дека се работи за оштетување на хранопроводот и желудникот. Ќе видиме во наредните денови како ќе се движи состојбата“, изјави доктор Ридван Бајрами, директор на УК за токсикологија, за Телма.
Случајот е пријавен во полиција во вторникот, околу 15 часот и 30 минути. Неговата сестра пријавила дека на пациентот му се слошило, откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што најпрво бил примен во битолската болница.
„Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Пациентот сега е постабилен од првите 48 часа, велат докторите. Почнал да голта, но бидејќи се работи за корозивно средство коешто го конзумирал, компликациите сега се акутни и хронични, објаснуваат од Клиника. Тој подолго време ќе остане во болнички кревет за да се рехабилитира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…