БИТОЛСКИОТ БИЗНИСМЕН ИМА ОШТЕТУВАЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ И ХРАНОПРОВОДОТ – нови детали за случајот со испиената мистериозна „вода“

t

Познатиот локален бизнисмен од Битола е примен на Токсикологија и сега е во стабилна состојба, но со сериозни оштетувања на органи, јави ТВ Телма. Станува збор за 42-годишен пациент, кој на Токсикологија е примен пред три дена.

„Анамнестички покажува податоци дека пациентот бил во некое кафуле и инцидентно му е дадено корозивно средство. Кај нас е донесен свесен и контактибилен, сега е на интензивно лекување и се опсервира. При првите направени прегледи коишто се направени ендоскопски, гледаме дека се работи за оштетување на хранопроводот и желудникот. Ќе видиме во наредните денови како ќе се движи состојбата“, изјави доктор Ридван Бајрами, директор на УК за токсикологија, за Телма.

Случајот е пријавен во полиција во вторникот, околу 15 часот и 30 минути. Неговата сестра пријавила дека на пациентот му се слошило, откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што најпрво бил примен во битолската болница.

„Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Пациентот сега е постабилен од првите 48 часа, велат докторите. Почнал да голта, но бидејќи се работи за корозивно средство коешто го конзумирал, компликациите сега се акутни и хронични, објаснуваат од Клиника. Тој подолго време ќе остане во болнички кревет за да се рехабилитира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во…

Американските власти вчера уапсија маж од Оклахома…

Чудна изјава на Гвардиола: Во кој било…

Којзнае кој пат последната деценија, Пеп Гвардиола…

Османи тврди дека Србија држи петмина косовски…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека…

Борел: Земјите-членки на ЕУ треба да ги…

Земјите-членки на Европската Унија треба да ги…

Уште ова ни треба: Балканот може да…

Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на…