Битолските пензионери побараа оставка од министерката Тренчевска
На вечерашниот протест на Иницијативниот одбор за зголемување на пензиите на битолските пензионери, уште еднаш беа повторени барањата на пензионерите за одредување на минималната пензија од 18.000 денари.
На протестниот митинг за разлика од претходниот, кога пензионерите бараа линеарно зголемување на пензиите да изнесува 8.000 денари, овој пат пензионерите од митингот побараа зголемувањето да изнесува 3.500 денари.
Од протестниот митинг, на кој зборуваше екс судијата во Основниот суд Битола и поранешен адвокат Антонио Димитровски беше побарана оставка од министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, како и комплетното раководството на Здружението на пензионери Битола, Новаци, Могила. Притоа беше истакнато дека Иницијативниот одбор за зголемување на пензиите нема да се откаже од протестите и дека ќе протестираат секој вторник на “Магнолија” се до исполнувањето на нивните барања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Почнаа наддавањата на големите партии кој…
Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека…
(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…
Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…
Штипските пензионери протестираа за линеарно покачување на…
Штипските пензионери со транспаренти, но и со…
ВНИМАВАЈТЕ: Измамник успеал да земе 200.000 денари…
Измамник успеал да придобие 200.000 денари од…
Тренчевска: Пензионерите добиваат покачување на пензиите од…
Околу седум проценти покачување ќе добијат пензионерите…