Тренчевска: Пензионерите добиваат покачување на пензиите од седум проценти

t

Околу седум проценти покачување ќе добијат пензионерите до крајот на месецот, усогласување на пензиите соглано новата методологија која ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Министерката информира дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.

– Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во пандемијата и економската криза со која се соочуваме е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои навистина вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејставта да го примаат додатокот, рече Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските пензии најниски во регионот

Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…

Штипските пензионери протестираа за линеарно покачување на…

Штипските пензионери со транспаренти, но и со…

ВНИМАВАЈТЕ: Измамник успеал да земе 200.000 денари…

Измамник успеал да придобие 200.000 денари од…

Почна исплатата на покачените септемвриски пензии

Министерството за труд и социјална политика известува…

Левица удри по Тренчевска: Покачувањето на пензиите…

Долгонајавуваното покачување на пензиите е понижувачко, велат…