„Блесок 22′: Подготвени во исполнување на стандардите согласно целите на способност на НАТО

t

По успешно завршеното оценување на Лесниот пешадиски баталјон во рамки на воената вежба „Блесок 22“, пред присутните, денеска на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на програмата за „Ден на високи гости“, се изведоа вежбовни активности на кои се презентираше нивото на подготвеноста на лпб во изведување на здружени тактички задачи.

– Преку изведба на офанзивни операции на единиците од составот на Лесниот пешадиски баталјон, со поддршка на хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и артилериски орудија, се демонстрираа постапки и активности со кои се прикажа подготвеноста во изведување на воени операции според единствените НАТО стандарди, кои се потребни во заедничкото делување и со тоа се потврди добиената оценка „борбено оспособени за извршување на својата мисија“, соопшти Генералштабот на Армијата.

По завршување на вежбовните активности, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на учесниците на вежбата им ја честитаа успешната реализација.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им оддаде признание на припадниците на 2. пешадиски баталјон, 1. пешадиска бригада и Командата за операции и воедно изрази благодарност до Министерството за континуираната поддршка во сите фази на подготовки за создавање на предуслови за реализација на оваа вежба и оценувањето кое беше реализирано изминатата недела.

– Успешното оценување на нашата втора декларирана единица во Армијата за НАТО водени операции е навистина големо достигнување, за кое сите ние сме горди. На сите нас, припадниците на Армијата, во поддршка со надлежните институции ни останува процесот на модернизација и опремување соодветно да го одржиме и надградиме, со што единицата ќе биде подготвена да одговори во секој момент на сите претстојни предизвици, рече Ѓурчиновски.

Министерката Петровска, во своето обраќање истакна дека професионалноста и посветеноста на нашата Армија денеска доби уште еден печат – „нашиот Лесен пешадиски баталјон е оценет како „борбено способен за извршување на својата мисија“ според најстрогите НАТО стандарди под мониторинг на искусни набљудувачи од НАТО“.

– 85 проценти од домашните оценувачи се сертифицирани согласно највисоките стандарди на Алијансата, што драстично го надминува НАТО стандардот од 50 проценти сертифицирани домашни набљудувачи. Ова покажува дека Армијата постојано се развивала, ги градела своите капацитети, вложувала во своите професионалци, рече министерката и се заблагодари за сојзничката поддршка од САД и ОК кои помогнаа припадниците на Армијата да го постигнат овој резултат.

На вежбата која се реализираше во период од 3 до 11 април, со изведување на голем број на активности преку сценирани инциденти, се изврши оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон, согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО – CREVAL (Combat Readiness Evaluation).

Од страна на оценувачкиот тим, кој ја следеше реализацијата на предвидените активности, согласно листата на инциденти, по извршената анализа се соопшти официјалната оценка која е „борбено оспособен за извршување на својата мисија“, со што Лесниот пешадиски баталјон ја покажа подготвеноста во исполнувањето на преземените обврски од целите на способности на НАТО.

– На денот на високи гости, покрај министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и потпретседателот на собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претставници од Кабинетот на претседателот, од Собранието, Генералштабот и Министерството за одбрана, генералите на Армијата, команданти на командите и единиците на Армијата, воените аташеи акредитирани во Република Северна Македонија и други гости, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…