Блинкен: САД се „длабоко загрижени“ за судбината на Навални
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изрази „длабока загриженост“ за судбината на Алексеј Навални кој веќе три недели не се знае каде е и нема никакви вести за него од рускиот затворски систем.
-Длабоко сме загрижени за тоа каде се наоѓа Навални, кој речиси три недели се изгуби во рускиот затворски систем. Уште еднаш повикуваме на негово итно ослободување и запирање на продолжителните репресии против независните гласови во Русија, напиша Блинкен синоќа на социјалната мрежа Х.
Експертот за човекови права на ОН, Марјана Кацарова, неделава исто така изрази загриженост поради „насилното исчезнување “ на Навални.
Според портпаролот на Навални, Кира Јармиш, од руската Федералата служба за извршување на казни (ФСИН) тврдат дека на 11 декември политичарот го однеле од затворот во непознато место, иако адвокатите беа спречени да се сретнат со него уште од 6 декември.
Според познавачите, процесот на префрлање во друг посуров затвор, а по некакво претходно судско решение, во Русија може да трае со недели. Затворниците обично се превезуваат со железница.
Тимот на Навални смета дека неговото веројатно носење во друг затвор било намерно направено во пресрет на очекуваниот реизбор на претседателот Владимир Путин.
Од Стејт департментот веќе изразија длабока загриженост за состојбата и здравјето на затворениот руски опозициски лидер и критичар на Кремљ.
-Ние укажавме на руската влада дека одговорноста за тоа што се случува со Навални е нивна, и дека ќе бидат повикани на одговорност од меѓународната заедница, соопштија тогаш од Стејт департментот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Во Масачусетс ќе се дозволува абортус…
Гувернерката од Демократската партија, Маура Хили, денеска…
ВО НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ИЗБРАЛЕ ДА ПОМОГНАТ: Два…
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на…
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Два брода со повеќе од 200 туристи…
Два туристички брода се судрија денеска во…
Либан ја укинува смртната казна
Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната…