Блинкен: Украина врати околу 50 отсто од заземената територија
Украина досега врати околу половина од територијата што ја зазеде Русија за време на инвазијата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за „Си-ен-ен“. Сепак, тој признава дека на Украинците им претстои уште многу тешка битка.
Осврнувајќи се на актуелната украинска контраофанзива, тој оцени дека таа сè уште е на почеток.
„Тешко е. Работите нема да се решат во следната недела или две, туку веројатно ќе потрае неколку месеци“, истакна Блинкен.
На прашањето дали Украина ќе добие борбени авиони Ф-16, Блинкен рече дека е уверен оти тоа ќе се случи.
„Најважното е да се осигураме дека кога тоа ќе се случи, тие ќе бидат соодветно обучени, способни да ги одржуваат авионите и да ги користат на интелигентен начин“, вели државниот секретар на САД.
Според најавите од поддржувачите на Украина, коалицијата од 11 нации ќе започне со обука на украински пилоти за летање на Ф-16 во август во Данска. Тренинг центар ќе биде отворен и во Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…