Блинкен: Целта на помошта од САД е Украина да си ги врати окупираните територии
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, говорејќи за поддршката што Вашингтон му ја дава на Киев, изјави дека Соединетите Американски Држави се фокусирани да ѝ помогнат на Украина да ги врати териториите окупирани од Русија од почетокот на специјалната воена операција.
„Нашиот фокус е на продолжување на тековните акции за обезбедување на Украина со потребната одбрана и враќање на окупираната територија, почнувајќи од 24 февруари“, рече Блинкен на конференцијата на Волстрит журнал.
Државниот секретар нагласи и дека освен воена помош, на Киев му е потребна и економска и хуманитарна помош.
Во исто време, тој избегна директно да одговори на прашањето дали Украинците можат да го „вратат Крим“, велејќи дека Украинците сами одлучуваат „каде сакаат да одат и кога“, но „со наша поддршка и поддршка од десетина светски земји“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…