Објавено на:

Блиски до Трамп потврдуваат: Ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година!

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има намера да се кандидира за претседател во 2024 година и сака да ја објави својата реизборна кампања по изборите за американскиот Конгрес на 8 ноември, објави Ројтерс, повикувајќи се на неговите советници.


„Трамп ќе се кандидира во 2024 година. Мислам дека сака да се кандидира, а објавувањето на номинацијата пред Денот на благодарноста му дава предност пред неговите противници и тој го разбира тоа“, изјави еден од советниците на поранешниот претседател.
Еден извор изјави за агенцијата дека Трамп сака да ја објави кампањата по изборите следната недела и разгледува дали одреден број поединци ќе се приклучат на кампањата.

Претходно, анкетата на YouGov покажа дека повеќе од половина од Американците не сакаат актуелниот американски претседател Џо Бајден и поранешниот шеф на државата Доналд Трамп да се кандидираат за уште еден мандат во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…