Блиц: Лајчак нов генерален секретар на ОБСЕ?
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во моментов прави планови за нова средба на преговарачите во Брисел, но истовремено работи и на стратегија за ново работно место. Лајчак сака да стане генерален секретар на ОБСЕ, пишува Блиц.
„Лајчак во моментов гради консензус околу новата позиција, генерален секретар на ОБСЕ. Русија веќе некое време го блокира усвојувањето на буџетот и именувањата во ОБСЕ и ја парализира организацијата. Можеби Русите ќе го прифатат, бидејќи тој е „ нивен „студент, тој ги завршил студиите во Москва. Можеби тоа ќе биде компромис“, вели за Блиц информиран соговорник од дипломатски извори.
Прво беше објавено дека Лајчак ќе биде амбасадор на ЕУ во Швајцарија, но потоа и дека нема да оди поради, како што беше најавено, „непредвидени лични околности“.
Ова се дозна откако пратеникот на Самоопределување Аднан Рустеми изјави дека земјава не го сака Лајчак за евроамбасадор во Берн. Швајцарското Министерство за надворешни работи ги демантираше овие тврдења и објасни дека причината зошто Лајчак нема да замине во Швајцарија е од лична природа.
Лајчак ќе остане на досегашната позиција на специјален претставник на ЕУ до 31 јануари следната година, според одлуката на Советот на ЕУ. Ова во добра мера се совпаѓа со Хелга Шмит, чиј четиригодишен мандат како генерален секретар на ОБСЕ завршува до крајот на оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…
Ахмети со шефот на ОБСЕ: Водиме битка…
Во седиштето на Демократската унија за интеграција,…
Блиц: Лајчак нов генерален секретар на ОБСЕ?
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог…
ДКСК и ОЈО ГОКК ја потврдија законитоста…
Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
ОБСЕ е спасена
ОБСЕ е спасена. Со овие зборови Претседавачот…