ОБСЕ е спасена

t

ОБСЕ е спасена. Со овие зборови Претседавачот со ОБСЕ и Министер за надворешни работи, Бујар Османи ја започна прес-конференцијата со која се затвора Министерскиот совет во Скопје, а на која соопшти дека се избрани клучните позиции за Организацијата да може да продолжи да функционира.

„Сите земји-учеснички едногласно ја усвоија одлуката Малта да биде новиот Претседавач со ОБСЕ во 2024. Успеа и планот кој го предложи Македонија како Претседавач со Организацијата. Успеавме да го продолжиме мандатот на сите челници на институциите на ОБСЕ. Продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на Високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов, на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро и на Матео Мекачи на чело на ОДИХР“, рече Османи на пресот.

Османи му се заблагодари на Иан Борг, министерот за надворешни работи на Малта за нејзината согласност да го преземе товарот и одговорноста на Претседавач со Организацијата во 2024 година.

„Можете да сметате на нашата поддршка и ви посакувам вашето Претседавање да нема толку многу предизвици колку што имавме ние“, рече Османи и им се заблагодари и на челниците на институциите на ОБСЕ за нивната досегашна посветена работа и понатамошен успех во нивниот нов мандат.

Османи истакна дека ова е историски најголемиот политички настан кој е одржан во државата, особено имајќи ја предвид руската воена агресија врз Украина и бруталното кршење на принципите и заложбите на ОБСЕ од страна на Руската Федерација, но поради успехот постигнат токму тука во Скопје.

„Одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје во најтурбулентните времиња и предизвици на отворена војна и човечко страдање е историски и револуционерен потег“, потенцираше Османи.

Османи го нагласи значењето што мнозинство на земји-учеснички решително и недвосмислено се собраа во Скопје за да го зајакнат непроценливото значење за зачувување на принципите и заложбите на ОБСЕ и што уште еднаш, пред светот, ја осудија руската воена агресија врз Украина.

Тој потенцираше дека Министерски совет во Скопје повторно фрли светлина на она што е најважно за опстанувањето на Организацијата, која сѐ уште силно свети и покрај одредени напори таа да згасне.

„Претседавањето на Македонија со ОБСЕ го презеде целиот товар со чувство на одговорност и свесност за неговото значење. Ние успеавме благодарение на компромисот, кој многу добро знаеме колку е важен во носењето на одлуките. Компромисите се исклучително тешки, некогаш и болни, но тие се потребни за да го трасираат патот за подбра иднина“, рече Османи. Затоа, можеме да бидеме горди дека во година полна со предизвици, секогаш свртени кон иднината успеавме преку многу напори да обезбедиме иднина за ОБСЕ“, потенцираше Османи.

ОБСЕ им е потреба на луѓето во Украина, но и на многу други луѓе во регионот на ОБСЕ коишто се соочуваат со предизвици и тие беа во фокусот на Претседавањето на Македонија коешто полека се приближува кон крајот, рече Османи.

Османи уште еднаш и честиташе на Малта како иден Претседавач и истакна дека Македонија како дел од Тројката, заедно со Финска ќе направи сè за да и даде поддршка и да го сподели искуството за мандатот на Малта како Претседавач да биде успешен.

На пресот присуствуваше идниот Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Малта, Борг и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

ДКСК и ОЈО ГОКК ја потврдија законитоста…

Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК)…