Блокирана сметка и 10 милиони евра долг во Македонија пат

t

12 години работи со блокирана сметка државната фирма која ги одржува патиштата. Тешката финансиска состојба на поранешна „Македонија пат“ влијае на квалитетот на одржувањето и заштитата на магистралните и регионалните патишта, што е и главната дејност на ова јавно претпријатие, покажа ревизорскиот извештај. 663 милиони денари или над 10 милиони евра се долговите, поради кои оваа фирма е блокирана, велат ревизорите, според кои, одржувањето на патишта е во опасност.

„Ова претставува за приближно 196 милиони денари поголем износ на обврски во однос на евидентираните во сметководствената евиденција на ЈП (околу 467 милиони денари). На ревизијата не и е дадено соодветно образложение и доказ за утврдената разлика, што има за ефект да не се потврди вистинитоста и објективноста на евидентираниот износ на обврски по извршни решенија во Билансот на состојба на 31 декември 2022 година.“

И покрај тешката финасиска состојба, компанијата ги зголемувала долговите, но во исто време, покачувала плати и набавувала нови возила, открива извештајот. Ревизорите утврдите и недомаќинско раководење со имотот на фирмата, несоодветно чување и точење гориво. Првиот човек на Јавното претријатие Костадин Ацевски вели дека фирмата работи во рамки на месечни финансиски лимити. И покрај ваквата состојба, во неговите две ипол години директорување, тој успеал да го намали долгот. Зголемувањето на платите го правда со зголемувањето на минималната плата.

Ревизорскиот извештај покажува дека во 2022 година асфалтната база во Штип не работела оти загадувала, па ја изгубила еколошката дозвола. Наместо неа, тој регион со асфалт се снабдувал од базата во Лепенец, што предизвикало дополнителни транспортни трошоци. Констатирано е и дека зимските бази во Охрид и Струга несоодветно ја чувале солта за одмрзнување на патиштата, што довело до намалување на ефектот кој треба да го постигне. Ацевски вели дека државата мора да најде нов модел за финансирање на ова претпријатие.

И додека ревизорите даваат препораки како да се надминат слабостите, Ацевски вели дека кога се градат патишта, мора да се мисли и како тие ќе се одржуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…

Втор круг од парламентарните избори во Франција,…

Во Франција денеска се одржува вториот круг…

Фрчкоски бесправно ја користел службената картичка, а…

Македонскиот амбасадор во ОН Љубомир Фрчкоски е…

Париз во шок: Татко си ги фрлил…

Mаж ги фрлил своите две деца низ…

Не можат со голи раце против Русите:…

Украина не може да опреми 14 бригади…