Блокиран сообраќајот во Грција: По граѓаните и работниците излегуваат на протест поради трагичната железничка несреќа
Илјадници работници во Грција денеска ќе се приклучат на големиот штрајк во знак на протест поради трагичната железничка несреќа во која загинаа 57 лица, а се очекува масовните демонстрации да кулминираат пред парламентот во Атина.
Патнички воз со 350 патници се судри во близина на Лариса со товарен воз кој сообраќал по истата пруга во спротивен правец. По судирот избувнал пожар.
Несреќата на 28 февруари предизвика јавно незадоволство поради катастрофалната состојба на грчката железничка мрежа, за која работниците кои штрајкуваат велат дека се виновни долгогодишното запоставување, недоволното инвестирање и недоволниот персонал, што се резултат на децениската должничка криза во земјата, пренесува „Ројтерс“.
Катастрофата предизвика протести низ Грција, при што повеќе од 10.000 луѓе се собраа во неделата во Атина, пуштајќи стотици црни балони на небото.
Железничките работници организираа континуирани 24-часовни штрајкови од четвртокот, доведувајќи ја мрежата во застој, и тие наведоа дека нивните барања за подобрување на безбедносните протоколи не се слушаат со години.
Денешниот штрајк, на кој ќе му се придружат и другите вработени во јавниот сектор, се очекува да го наруши сообраќајот на метрото, трамвајот и автобусите, а траектите ќе останат закотвени бидејќи поморските и пристанишните работници најавија дека ќе се приклучат на протестот.
„Ќе создадеме безбедна железница за никој никогаш повеќе да не доживее трагична несреќа како онаа во Темпи“, се вели во соопштението на главниот синдикат на железничарите.
Синдикатот кој обединува стотици илјади работници во јавниот сектор, исто така повика на еднодневен штрајк и протест поради „смртоносниот криминал“, а голем број студенти и наставнички групи рекоа дека ќе се приклучат на собирите. Грција ја приватизираше железницата во 2017 година продавајќи ја на италијанската државна компанија „Ferrovie dello Stato Italiane“ и таа сега работи под името „Hellenic Train“.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во обраќањето до нацијата рече дека „сè укажува на трагична човечка грешка“, но прифати дел од критиките, признавајќи дека децениското запоставување можело да придонесе за катастрофата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…
Тешка несреќа околу пладне се случила во…
Силен земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…