Објавено на:

Блумберг: НАТО разгледуваше нов безбедносен план за Украина кој нема да ја испровоцира Русија

t

На самитот во Брисел, членките на НАТО ги разгледаа опциите за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, кои нема да ја испровоцираат Русија, објави Блумберг, повикувајќи се на дипломатски извори.
Една од можните варијанти на прекин на огнот, според извори на агенцијата, е создавање на демилитаризирана зона.


Според висок дипломат на НАТО, во случај на прекин на огнот, европските сили би биле задолжени за безбедноста и патролирањето на зоната.
Во исто време, генералниот секретар на НАТО Марк Руте на прес-конференцијата јасно укажа на потребата од зајакнување на воената поддршка на Украина, нагласувајќи дека целта на воената помош за Украина е да се овозможи подобра позиција на Киев на преговорите.
Володимир Зеленски на крајот на ноември во интервју за „Скај њуз“ изјави дека може да се согласи на прекин на огнот и откажување од некои територии во замена за членството на Украина во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…