Објавено на:

Блумберг: САД се подготвени да го признаат Крим?

t

Соединетите Американски Држави се подготвени да ја признаат руската контрола врз украинскиот регион Крим како дел од поширокиот мировен договор меѓу Москва и Киев, велат познавачите на ова прашање, пишува Блумберг.

Таквата потенцијалната отстапка би бил најнов сигнал дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да го зацврсти договорот за прекин на огнот и доаѓа кога тој и американскиот државен секретар Марко Рубио сугерираа дека администрацијата е подготвена да се откаже од мировното посредување доколку не се постигне брзо напредок.

Русија го зазеде Крим во 2014 година по инвазијата и последователниот референдум одржан под окупација, а меѓународната заедница се спротивстави на признавањето на полуостровот како руски за да избегне легитимирање на нелегалната анексија, наведува Блумберг.

Медиумот наведува дека таквиот потег ризикува да го поткопа меѓународното право и договорите кои забрануваат насилно одземање на земја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано изјавува дека нема да ѝ отстапи територија на Москва.

Блумберг наведува дека таквиот потег на САД би бил благодет за рускиот претседател Владимир Путин, кој долго време бара меѓународно признавање на рускиот суверенитет на Крим. Путин досега одбиваше да се согласи со предлогот на Трамп за широк мировен договор.

Изворите на Блумберг велат дека конечна одлука за ова прашање сè уште не е донесена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…