Блумберг: САД се подготвени да го признаат Крим?
Соединетите Американски Држави се подготвени да ја признаат руската контрола врз украинскиот регион Крим како дел од поширокиот мировен договор меѓу Москва и Киев, велат познавачите на ова прашање, пишува Блумберг.
Таквата потенцијалната отстапка би бил најнов сигнал дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да го зацврсти договорот за прекин на огнот и доаѓа кога тој и американскиот државен секретар Марко Рубио сугерираа дека администрацијата е подготвена да се откаже од мировното посредување доколку не се постигне брзо напредок.
Русија го зазеде Крим во 2014 година по инвазијата и последователниот референдум одржан под окупација, а меѓународната заедница се спротивстави на признавањето на полуостровот како руски за да избегне легитимирање на нелегалната анексија, наведува Блумберг.
Медиумот наведува дека таквиот потег ризикува да го поткопа меѓународното право и договорите кои забрануваат насилно одземање на земја.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано изјавува дека нема да ѝ отстапи територија на Москва.
Блумберг наведува дека таквиот потег на САД би бил благодет за рускиот претседател Владимир Путин, кој долго време бара меѓународно признавање на рускиот суверенитет на Крим. Путин досега одбиваше да се согласи со предлогот на Трамп за широк мировен договор.
Изворите на Блумберг велат дека конечна одлука за ова прашање сè уште не е донесена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…