Објавено на:

Блумберг: Средба Путин-Трамп на крај на февруари!

t

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори во Саудиска Арабија следната недела за да се подготват за потенцијална средба меѓу лидерите на двете земји, пишува Блумберг, повикувајќи се на сопствени извори.
Како што се посочува, средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, на која ќе се разговара за крајот на конфликтот во Украина, би можела да се одржи пред крајот на месецот.


Се очекува американската делегација на средбата да ја предводат советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц и специјалниот пратеник на американскиот лидер за Блискиот Исток, Стив Виткоф.
Целта е да се одреди датум пред почетокот на светиот месец Рамазан во март, објаснува изворот. Повеќето Европејци сè уште не се информирани, рече друг извор. Се очекува учество на претставници од Украина.


„Украина никогаш нема да прифати договор склучен зад наш грб, без наше учество“, рече Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.
„Истото треба да важи и за Европа“, додаде тој.
Претставници на Саудиска Арабија ги поканија претставниците на САД, Русија и Украина во Ријад, преговорите ќе ги свика советникот за национална безбедност Мусаед ал Ајбан, пренесува Блумберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…