Богоев најави нови проекти во Царинската управа во вредност од 30 милиони евра
Приходите од данок на моторни возила бележат раст од 46,7 отсто во однос на претходната година, приходите од царина за 10,3 отсто, а раст од 5 отсто има и кај приходите од акцизи кои во 2023 година изнесуваат 32,4 милијарди денари. Растот на наплата на приходи од Царинската управа значи и повеќе пари за здравство, образование, подобрување на инфраструктурата од што бенефит ќе имаат сите граѓани на нашата држава, истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на брифингот со новинарите.
Богоев вели дека резултатите се веќе препознаени и од бизнис-заедницата, при што во последната анкета на Советот на странски инвеститори, Царинската управа е институција од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни.
Богоев притоа истакна дека Царинската управа вложува во нови развојни проекти во вредност од повеќе од 30 милиони евра.
– Целта е македонските компании да можат да ги искористат бенефитите од новите проекти во вредност од над 30 милиони евра – средства обезбедени од фондовите на ЕУ, Светска банка и други донатори, како и дополнителни 60,6 милиони денари буџетски средства обезбедени за развојни проекти на Царинската управа кои почнаа да се спроведуваат оваа година и чија имплементација ни претстои – истакна Богоев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…