Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!

t

Иако на 24 јули 2025 година Петар Богојевски јавно објави дека поднесува оставка од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – речиси еден месец подоцна тој не само што сè уште е на функцијата, туку патува и објавува фотографии од Њујорк, финансирани од европската програма Еразмус+.

Потсетуваме, Европската комисија испрати писмо до македонските власти со кое директно бара разрешување на Богојевски поради сериозни нерегуларности во работата на Агенцијата. Наместо итна реакција и именување нов директор, Владата предводена од Христијан Мицковски молчи, додека Богојевски продолжува да ја злоупотребува функцијата.

Дали владата намерно го одложува изборот на нов директор за да му овозможи на Богојевски да си ги искористи патувањата?

Дали средствата од Еразмус, наменети за развој и мобилност на млади луѓе, се претворија во лична туристичка агенда?

Граѓаните бараат одговори, Европската комисија предупреди – ако состојбите не се санираат, на ризик е целата програма во Македонија. А времето истекува.

Извор: 24Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен: Нанесовме удар на…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Антикорупциска смета дека Татјана Димитровска сама требала…

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, обвинета…

(Видео) Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани:…

дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 лица. Маршот…

Стефанчук: Изборите во Украина ќе се одржат…

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, денес…