Објавено на:

Урсула фон дер Лајен: Нанесовме удар на срцето на руската воена машинерија

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека Европската Унија со најновиот, осумнаесетти по ред пакет санкции против Русија нанесува сериозен удар врз нејзината воена индустрија.

– Го поздравувам договорот за новиот пакет санкции. Удираме во самото срце на руската воена машина, изјави фон дер Лајен, според агенцијата Ројтерс.

Оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Брисел за системски притисок врз Кремљ, која трае од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Секој нов пакет санкции има за цел да ги ослабне воените, економските и технолошките капацитети на Москва.

Москва веднаш реагираше. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, остро ги критикуваше новите санкции, оценувајќи ги како „нелегални и еднострани“.

– Русија категорично се спротивставува на ваквите ограничувања. Ќе ги анализираме детално новите мерки и ќе одговориме соодветно на нивното влијание, истакна Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…

76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…

16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…

Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…