Бог да чува: Крадец напаѓал пензионери во Скопје

Полицијата вчера во 13.25 часот го уапсила А.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, извршена на 15.04.2023 на подрачјето на Центар, каде со употреба на физичка сила одзел паричник од 71-годишна скопјанка.
Исто така, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево во текот на вчерашниот ден извршиле службен разговор со пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „разбојништво” по член 237 од КЗ на РСМ, извршено на 13.04.2023 на подрачјето на Аеродром врз 88-годишен скопјанец, од кого одзел паричник и два мобилни телефона.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…
(Фото) Граѓани палат свеќи за починатите во…
Граѓани палат свеќи за починатите во Кочани…
15-годишно девојче од Скопје уценувано со интимна…
50-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека…
Мицкоски се врати во Скопје со изнајмениот…
Премиерот Мицкоски се вратил во Македонија со…