Објавено на:

Бог да чува: Ограбил шест цркви додека бил во бегство од затвор!

t

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид во битолско.

„По преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022 со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари.

Тој ги извршил делата додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…