Боки 13 е хоспитализиран, за 5 јуни одложена јавната седница за „Меѓународен сојуз“

t

Бојан Јовановски-Боки 13 сè уште е во лоша здравствена состојба и е во болница. Ова е причината поради која е одложена јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“. Следната јавна седница се закажана за 05.06.2023 година.

„Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса“, стои во соопштението на Апелација.

Боки 13 беше опериран и му беше отстранет скоро цел желудник, посочија докторите кои му ја извршија операцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…