Боки 13 на слобода – доби прекин на казната

t

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, пренесува „Скопје1“. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот. „Скопје1“ побара потврда и од адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Боки 13. Тој посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, таа е праведна.

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ за „Скопје1“.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…