Објавено на:

БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња за невести – Ирак ги укинува сите права на жените

t

Ирак се подготвува да ја намали законската возраст за согласност за сексуални односи од 18 на девет години, дозволувајќи им на возрасни мажи да стапуваат во брак со мали деца, јавува британски „Телеграф“.

Со законските измени, предложени од владејачката коалиција, се лишуваат жените од правата на развод, старателство над децата и наследство.

Ирачкиот парламент, во кој доминира коалицијата на конзервативни шиитски муслимански партии, ќе гласа за амандман со кој би се поништил „законот за личен статус“ на земјата. Овој закон, познато и како Закон 188, бил еден од најпрогресивните на Блискиот Исток кога е воведен во 1959 година, обезбедувајќи сеопфатен сет на правила што ги регулираат работите на ирачките семејства, без оглед на нивната религиозна припадност.

Освен што ја намалува возраста на која законски ќе може да се стапи во брак, амандманот ќе ги отстрани и правата на жените на развод, старателство над децата и наследството. Владејачката коалиција вели дека овој потег е усогласен со строгото толкување на исламскиот закон и има за цел да ги заштити младите девојки од „неморални односи“.

Второто читање на измената на Законот 188 помина на 16 септември. Ова не е првпат шиитските партии во Ирак да се обидат да го изменат законот за личен статус – обидите за негово менување пропаднаа во 2014 и 2017 година, главно поради реакциите на Ирачаните. Но, според познавачите на политичките прилики во Ирак, законот никогаш не бил поблиску од реално менување.

Експертите и активистите велат дека амандманот ефективно ќе ги избрише најважните права на жените во земјата.

„Амандманот нема само да ги поткопа овие права“, вели Сара Санбар, истражувач за Ирак во организацијата „Хјуман рајтс воч“. „Тој ќе ги избрише“.

Ирак веќе има високи стапки на детски бракови. Според Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), околу 28 отсто од жените во Ирак се во брак со 18 години. Ова се случува поради дупка во Законот за личен статус која им дозволува на верските водачи, наместо на судовите, да склучуваат илјадници бракови секоја година – меѓу нив и со девојчиња на возраст од само 15 години, со дозвола од таткото. Овие бракови надвор од државните институции се широко распространети во сиромашните ултраконзервативни шиитски заедници во Ирак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каранфилова Пановска: Во изминатите 6 месеци имаме…

Во изманатите шест месеци од владеењето на…

Украина ќе почне да мобилизира жени?

Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…

Ирак целосно ги затвори границите

Ирачката администрација соопшти дека границите на Ирак…

БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…

Ирак се подготвува да ја намали законската…

Крвава одмазда на Турција врз курдските милитантни…

Турција продолжува со воздушните напади врз курдските…