Болна работа: Двајца тинејџери биле киднапирани и тепани од четири лица

t

Полициски службеници уапсија четири лица кои се сомничат дека киднапирале двајца тинејџери и ги тепале.

– На 28.12.2022, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип. Тие се сомничат дека на 27.12.2022 околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква“ во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во возило „сеат толедо“, а подоцна во с.Шашаварлија, штипско, физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, информираат од МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…