Бомба на Стојанов: Пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши?
Бугаринот Виктор Стојанов на Фејсбук објави фотографии од неколку македонски политичари, актуелни пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и останати партии за кои тврди дека имаат бугарски пасоши.
На колажот објавен на Фејсбук Стојанов вели дека бугарски пасоши имаат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски, пратеникот и член на ИК Антонио Милошоски, советничката во Советот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, претседателот на Македонски Концепт, Петар Богојески и претседателот на Социјалистичката партија и пратенинк во македонското Собрание, Љупчо Димовски.
Претходно во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс, Петар Богојески нагласи дека нема, ниту некогаш имал бугарски пасош.
Од останатите гореспоменати побаравме одговори дали имаат бугарски пасоши.
Пратеникот Милошоски ни испрати негово старо телевизиско гостување каде вели дека немал и нема намера да има бугарски пасош. Демантираше и Марија Андоновска која рече дека не поседува државјанство на ниту една странска држава.
Сите останати не одговорија на нашето прашање.
Претходно, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во „Тешки муабети“ откри дека Каракачанов, во одговор на прашање на Инфомакс рекол дека дваесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ веќе имаат бугарски пасоши.
Бугарија претходно во прво читање усвои Закон со кој ќе се објават сите лица кои стекнале бугарско државјанство во последните 22 години. Таквата листа се уште не е објавена, но сигурно ќе биде интересно да се гледа кој се од функционерите има бугарски пасош во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…