Објавено на:

БОМБА: Јапонија влегува во НАТО?

t

Јапонија многу веројатно би можела за прв пат досега да учествува на еден Самит на НАТО. Ова го потврди јапонската новинска агенција Кјодо, која притоа открива дека јапонскиот премиер Фумио Кишида е наклонет на тоа тој да се појави на овој Самит, кој се очекува да се одржи до крајот на месецов во Мадрид.

Како што наведува јапонската агенција самитот на лидерите на Северноатлантската алијанса е предвиден да се случи кон крајот на јуни и тој е целосно посветен на Украина и има за цел да се поттикне координацијата на западот во врска со руската инвазија на оваа земја.

Доколку се случи еден јапонски претседател на влада, сепак, да учествува во работата на состанокот на 30 лидери на НАТО, таквиот чекор на официјален Токио би можел да се означи како „необично агресивна позиција“ на Кишида кон Москва, без разлика што тој повеќепати досега ја има остро осудено Русија за направените како што има изјавено „воени злосторства“ кон Украина.

Во минатото, јапонските највисоки државни функционери настојуваа да бидат внимателни во односите со Русија. затоа што двете земји со децении на ред имаат нерешени спорови за несредените територијални прашања. Портпаролот на јапонската влада, засега, одбива да ги коментира откритијата на агенцијата Кјодо, која пак за своето тврдење се повикува на неидентификувани владини извори.

Токио за прв пат на Самит на Алијансата во Мадрид

Самитот на НАТО се одржува на 29 и на 30 јуни во Мадрид. Тој, меѓутоа, временски се поклопува со кампањата за изборите за нов состав на Горниот дом на Парламентот, кои се закажани за 10 јули. Владата досега тврдеше дека конечната одлука за тоа дали Јапонија ќе биде на Самитот на НАТО ќе биде донесена во зависност од политичката ситуација во земјата пред изборите.

За овој Самит, покрај земјите членки, НАТО ги има покането и ЈапонијаАвстралијаНов Зеланд и Јужна Кореја, во својство на партнери во азиско пацифичкиот регион.

Западни аналитичари, но и јапонски политички експерти оценуваат дека учеството на Кишида на овој политички собир би претставувало силна порака за меѓународна солидарност во врска со украинската војна и кризата создадена околу Украина. Според многумина познавачи на состојби, официјален Токио има големи аспирации да стане членка на Алијансата без оглед колку звучи ова нереално и невозможно. Причина за ова се зголемените тензии со Кина во Јужно Кинеско Море но и Пацификот.

Јапонија и НАТО ја зајакнуваат воената соработка во Пацификот

Во меѓувреме јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши на почетокот на средбата со претседавачот на Воениот комитет на НАТО Роб Бауер изјави дека Јапонија сака да ги зајакне врските со европските земји. Тој додаде дека Јапонија го поздравува поширокиот ангажман на НАТО во Индо-Пацифичкиот регион.

„Безбедноста на Европа и Азија се тесно поврзани, особено сега кога меѓународната заедница се соочува со сериозни предизвици“, изјави Киши неодамна.

Јапонското Министерство за одбрана објави и дека јапонски и американски борбени авиони минатиот месец извршиле заеднички вежби над Јапонското Море.

Кабинетот на премиерот Фуми Кишида одобри план со кој се предвидува зајакнување на одбранбените способности и зголемување на буџетските средства за одбраната во следните пет години.

Како причини се наведуваат зголемените тензии во врска со Тајван и посветеноста на земјите од сојузот на НАТО да потрошат два отсто од бруто домашниот производ за одбрана. Инаку Јапонија моментално троши нешто повеќе од еден процент од БДП за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Предупредување за цунами! Земјотрес од 7.1…

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…