Бонус плати за вработените во МВР со над 150 часови прекувремена работа во 2022 годинa

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Facebook профил објави дека започнува прибирањето на податоци за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, со што, согласно Колективниот договор, ќе им бидат исплатени бонус плати.

– Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените, истакна Спасовски на Facebook.

Тој додаде дека благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, била зголемена просечната плата, а со тоа растел и поединечниот износ на бонус платите во МВР.

-Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40 отсто. Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е од императивно значење за ова раководство на МВР, а во насока на нашиот концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, со којшто покажавме одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против секаков вид криминал, заклучи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…

 Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…

Потпишани договорите на новите полициски службеници од…

Денеска (01.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче…