Борел ги предупреди Србите: Нема да толерираме напади врз ЕУЛЕКС, веднаш да се отстранат барикадите!
Сепаратистичките сили на РОСУ, целосно вооружени и со оклопни возила, упаднаа во објектот на големата брана на езерото Газиводе, го избркаа чуварот и ги скинаа српските знамиња што се таму. Северот на Косово и Метохија се уште е блокиран од граѓаните и полицијата. На премините Јариње и Брњак не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил. Мирно е на барикадите што ги поставија Србите во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, информираат српските медиуми.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ „нема да толерира напади“ врз ЕУЛЕКС.
„ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни, криминални дејствија на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мора да се врати мирот. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР“, напиша Борел на Твитер.
Тој додаде дека „сите актери мора да избегнуваат ескалација“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…