Борел: Годинава во Европа доминираа кризи

t

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел изјави дека геополитичките промени се интензивирале во 2021 година, а Европската унија и нејзините вредности постојано биле предизвикувани од политиката на моќ, јавува Агенција Анадолија.

Во објавата на својот блог, Борел 2021 година ја дефинираше како година на транзиција.

Осврнувајќи се на пандемијата на Ковид-19, Борел рече дека таа трае подолго отколку што се замислувало пред една година и дека варијанта Омикрон која е актуелна во моментот, бара големи ограничувања, заканувајќи му се на закрепнувањето.

Тој нагласи дека блокот веќе ја надминал својата цел за испорака на 250 милиони дози вакцини против коронавирус во други земји, додавајќи дека целта е да се донираат вкупно 700 милиони дози до средината на 2022 година.

Покрај пандемијата на коронавирусот, Борел рече дека во 2021 година на меѓународната и ЕУ агенда доминирале и кризите во Белорусија, Украина, Мали, Судан, Авганистан, Етиопија, Венецуела и Босна и Херцеговина.

„Да се биде во постојан режим на управување со кризи понекогаш го ослабува нашиот капацитет за решавање на трансверзални, долгорочни прашања кои треба да бидат во центарот на нашата надворешна политика, како што се ревитализација на мултилатерализмот или справување со миграцијата на балансиран начин, или енергетските и климатските кризи или правилата за дигитална транзиција“, додаде Борел.

Укажувајќи на позитивните случувања во 2021 година, тој рече дека ЕУ „успела да го претстави Стратешкиот компас на земјите-членки на ЕУ“, додавајќи дека нејзината „цел е да ја зајакне улогата на ЕУ како обезбедувач на безбедноста“.

Иако тој ги опиша одлуките на американската администрација за Авганистан и АУКУС како „несреќни“, Борел истакна дека „Во 2021 година, исто така, обновени се односите ЕУ-САД под претседателството на Џо Бајден“.

Борел нагласи дека ЕУ става акцент на диверзификација на своите партнерства низ Индо-Пацификот, додавајќи: „Ние, исто така, поблиску се ангажиравме со Централна Азија и почнавме да ја подобруваме нашата соработка со земјите од Заливот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…