Објавено на:

Борел: Македонија и девет други земји се усогласија со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда

t

Земјите кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област – Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март 2024 година за додавање на едно лице и една група на листата на поединци, организации, компании и субјекти кои се предмет на санкции поради поврзаност со терористичките групи Исламска држава (ИД) и Ал Каеда, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

– Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа Одлука на Советот. Европската Унија ја нотира и ја поздравува оваа заложба, се наведува во изјавата на Борел во име на ЕУ по повод усогласувањето на 10-те држави со рестриктивните мерки на блокот.

Советот на ЕУ на 25 минатиот месец одлучи на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда да ги додаде Мохамед Ибрахим ал-Шафи Ал Салем, познат како Аба Ал-Сахрави, кој е лидер на групата Исламска држава – Провинција Сахел, што оперира во пограничните област меѓу Буркина Фасо, Нигер и Мали, кои и организацијата Ослободителен фронт на Мацина (Катиба Мацина), која е поврзана со огранокот на Ал Каеда во реонот на Сахел, Група за поддршка на Исламот и муслиманите (ЈНИМ). Катиба Мацина дејствува во централниот дел на Мали, како и во Нигер и Буркина Фасо.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на листата на санкционирани поради врски со ИД и Ал Каеда се наоѓаат вкупно 15 поединци и шест групи. Ним им е замрзнат имотот, а на лица и субјекти од ЕУ им се забранува да им ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на ЕУ.

Лани на 23 октомври, Советот на ЕУ го продолжи Механизмот на рестриктивни мерки против ИД, Ал Каеда и физички лица, групи, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благодатниот оган за Велигден и годинава од…

Претставници на грчката Влада и оваа година…

Ковачевски: Изборите ги изгубил тој што нема…

Тој што не може да формира влада…

(Документи) (Не)кој лаже? Николоски не работел во…

Александар Николоски нема работено во приватен сектор…

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на…

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања…

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја претстави…