Објавено на:

Борел пред почеток на разговорите во Брисел: Обврските нема да исчезнат, договореното мора да се спроведе

t

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека денеска на средбите во Брисел, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти ќе разговара за наредните чекори кон имплементација на договорот и повтори дека договореното мора да се спроведе, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на прес-конференција, во пресрет на новата рунда дијалог, рече дека денеска ќе разговараат и како да се оди напред врз основа на договорот.

– Јасно е дека договореното мора да се спроведе. Договорите се основата на дејствувањето. Но, акцијата мора да го следи договореното. Спроведувањето е клучниот збор. И денеска ќе работиме на конкретни следни чекори за оваа имплементација и надминување на секојдневната криза во процесот на нормализација, рече Борел.

Тој потсети и дека ЕУ обично се жали на недостаток на посветеност, напредок, имплементација, волја за изнаоѓање консензус и дека се надева дека денешната рунда дијалог ќе испрати поинаква порака и ќе заврши поинаку.

– Ќе ни биде важно да разбереме како двете страни ја гледаат иднината на дијалогот со поддршка на ЕУ, како страните сакаат да ја продолжат оваа работа. За неколку месеци ќе има нови луѓе, нови имиња на нашите работни места, но земјите-членки нема да се променат, обврските на Косово и Србија нема да исчезнат. Сите ќе продолжат да гледаат на капацитетот и волјата на претседателот на Србија и на косовскиот премиер да му обезбеди на својот народ подобра европска иднина. Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е во тек. Јадрото на ангажманот на Европска Унија во Западен Балкан е исто така тесно поврзано со нивниот пристапен пат, рече Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е естонската Челична дама со јасен…

Каја Калас не дозволува да се збуни.…

ПО ОВА ДЕВОЈЧЕ ТРАГА ЦЕЛА ГРЦИЈА: Ако…

Девојче на возраст од 14 години е…

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

На 28.06.2024 во 16.10 часот во Радовиш,…

Обама: Бајден имаше лоша дебатна ноќ

Поранешниот американски претседател Барак Обама призна дека…

НЕ СЕ ПРОБЛЕМ ГОДИНИТЕ, ТУКУ СПОСОБНОСТА: Трамп…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека…