Борел ќе ги седне на маса Вучиќ и Курти: Со Србија се разговара за воведување санкции за Русија
Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел потврди дека Вучиќ и Курти биле поканети во Брисел на 27 февруари. Тој додаде дека Србија не се усогласува доволно со надворешната политика на ЕУ.
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за време на Минхенската безбедносна конференција се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
„Со нив двајцата ќе се сретнам во Брисел на 27 февруари. Да, ги поканив да дојдат и да разговараат целодневно бидејќи имаме предлог на маса и се надевам дека ќе можат да го прифатат тој предлог како начин за нормализирање на нивните односи“, изјави Борел за Дојче Веле во Минхен.
На ова му претходеа повеќемесечна дипломатска офанзива врз Белград и Приштина за прифаќање на таканаречената француско-германска хартија како основа на преговорите.
Со Белград се разговара за санкции против Русија
На прашањето колку е важно воведувањето санкции против Русија за патот на Србија кон Европската унија, високиот претставник на ЕУ одговори:
„Ги замолуваме сите членови на меѓународната заедница, особено оние кои се кандидати за членство во ЕУ, да ги почитуваат нашите санкции. Конкретно бараме од кандидатите да се усогласат со нашата надворешна политика“.
„Србија секако не се усогласува со нашата надворешна политика колку што ние би сакале. Тоа е дел од разговорот и ангажманот кон Србија“, додаде Борел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…