Боре Видевски имал дозвола за пушка и пиштол, пиштолот не е пронајден, открива припадник на СВР Велес на денешното сведочење во Кривичниот суд

t

Со сведочење на сведок од СВР Велес денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во Кривичниот суд сведочеше припадник на СВР Велес, кој на прашања на одбраната и обвинителството откри детали за комуникацијата меѓу СВР Велес и СВР Скопје за време на истрагата.

Во продолжение сведочењето на сведокот:

Палевски – директно испрашување

П – Што преземавте во првите денови од истрагата?

С – Заедно со другите колеги од СВР Велес бевме вклучени во истрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на првични сознанија беше извршена потрага на теренот во Велес со цел лоцирање на лицето, беа прегледани видео-записи од ислезите и влезовите на Велес со цел лоцирање на возилото и на самиот Панче Жежовски.

П – Кажавте дека прегледувавте камери. Камерите на Хотел Романтик Вие ги прегледувавте?

С – Да, јас, заедно со други колеги.

П – Вие сте ја изготвиле службената белешка по тој повод, увид на камери на Хотел Романтик. Дали се сеќавате на содржината или да ја прочитам?

С – Делумно се сеќавам, пред година дена е, ако може да ја погледнам белешката.

П – Дали и денеска стоите позади она што го тврдите во службената белешка?

С – Да, ако е констатирано тоа од мене, се уште го тврдам.

П – Сте констатирале две лица во Рено Кангу и едно лице во Цитроен. Дали видовте каок се облечени лицата во возилата?

С – Не можам да ви дадам одговор, камерите сум ги гледал многу одамна, за како се облечени.

П – Сте вршеле и претрес, т.е одземање на предмети од лицето Билјана Лагушева?

С – Да.

П – Дали сте одзеле предмети во 4 часот изутрина, а веќе на петти во пет часот сте ги предале на СВР Скопје, на Ваш колега.

С – Да, целокупниот материјал беше предаден на колеги од СВР Скопје.

П – Со Вашите колеги Златко Малезанов, Саше Димов, на ден 04.12.2023 во 13 часот и 40 минути дали изготвивте потврда за привремено-одземени предмети?

С – Ако е потпишана од мене, е изготвена.

П – Дали се сеќавате дека сте одземале предмети од Јасминка Видевска?

С – Да.

П – Дали се сеќавате што одземавте?

С – Ловна пушка, патрони и куршуми 9мм за пиштол.

П – Каде ги предадовте?

С – Во магацин на СВР Велес.

П – Сте изготвиле записник за примопредавање на списи и предмети од СВР Велес на СВР Скопје. Во тој записник не постојат предметите кои сега ги наведовте за кои сте издале потврда.

С – Предметите кои се предадени на СВР Скопје, т.е целото досие беше ставено на увид од колегите, при што оние предмети кои ценеа дека се потребни за истрагата беа од нивна страна превземени.

П – Дали ловната пушка, муницијата и двете дозволи за поседување на оружје, кои се на лицето Боре Видевски, кои се евидентирани во потврдата, дали СВР Скопје ги виде?

С – Предметите не, но документацијата да.

П – Зошто предметите не?

С – Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и се веднаш предадени во магацин на СВР Велес за чување.

П – А дозволите за оружје?

С – Исто и дозволите.

П – Каде е пиштолот Зброевка 75Б за кој одзедовте дозвола за поседување и носење на лицето Боре Видевски?

С – Пиштолот не беше пронајден при претресот и дополнителното одземање на истото. Претресот е правен од колеги на 03.12.2023 година, јас не бев присутен на истиот, подоцна бев присутен кога беше одземено оружјето, пушката, патроните, дозволите и муницијата за пиштолот. Истите беа предадени доброволно од Јасминка Видевска.

П – Се сеќавате ли кои колеги од СВР Скопје вршеа увид во вашата истрага?

С – Беа присутни повеќе колеги, не се сеќавам кои.

П – Дали ОЈО Велес го запознавте со пронајдените предмети и дадената потврда?

С – Не се сеќавам.

П – Дали се сеќавате дека беше присутен Дени Петковски како претставник на СВР Скопје?

С – Чинам е потпишан колегата, нему му ги имам предадено предметите, списите.

П – Дали началникот Ристе Самарџиев го запознавте со управната постапка за оружјето?

С – Да запознаен е и беше поведена постапката во која последен потпис става тој.

П – Дали воопшто го баравте пиштолот кој недостасува?

С- При претресот кај Боре Видевски е барано оружјето, јас не бев присутен. Немавме никаков контакт со Боре Видевски за да го прашам каде е пиштолот.

Марјан Витанов, бранител, директно испрашување:

М – Во домот на Боре Видевски сте одземе предмети и сте составиле потврда за одземање на предмети. Дали со таа потврда беше запознаен Вашиот претпоставен?

С – Запознаени се.

М – Кој донесе одлука да во конкретниот случај се поведе управна постапка?

С – Со самото поведување на кривична постапка према некое лице, во овој случај Боре Видевски, се поведува управна постапка за одземање на оружјето. Оружјето е одземено на четврти, доброволно предадено од Јасминка Видевска, а управната постапка е поведена по поднесувањето на пријавата против Боре Видевски за кривично дело убиство и грабнување и ние управната постапка ја темелиме на поднесената кривична пријава од СВР Скопје.

М – Дали има постапка или пропратна документација од одземање на предметите до поведување на управната постапка?

С- Службената документација за управната постапка се наоѓа во СВР Велес.

М – Вие кога ги одземате предметите на кого ги предавање?

С – Магацин на СВР Велес.

М – А кој донесува одлука за поведување на Управна постапка?

С – Управната постапка се поведува по Закон.

Јовица Страшевски, бранител, директно испрашување:

Ј – Службената белешка што потврдивте дека сте ја изготвиле се однесува на две возила Рено Кангу и Цитроен, кадешто во едното возило сте забележале две лица, а во другото едно лице. Дали забележавте при преглед на тој видео-материјал и друго сомнително возило?

С – Немам забележано такво возило.

Палевски:

П – Баравте исчезнат човек. На 04.12.2023 кога го земавте одужјето, телата беа пронајдени. Вие како полициски службеник констатиравте дека недостасува пиштол и се решивте да водите управна постапка за истиот пиштол кој го нема?

С – Управната постапка е поведена согласно закон.

П- Попрецизно, како службеник на СВР Велес, во истрага за исчезнато, а на денот на одземање на дозволите и пушката веќе СВР Велес има направено увид и го има пронајдено Панче Жежовски мртов, пронајдена е чауда и Вие се одлучивте наместо вештачење и барање оружје за убиство да поведете управна постапка. Прашањето е зошто како полицаец не барате оружје?

С – Од страна на полиција се извршени претреси и преглед, при што пиштолот не е пронајден, сите понатамошни дејствија се по добиени насоки на ЈО, а ние како цлужба постапуваме по нивните насоки.

П – Зошто не го известивте обвинителот дека недостасува оружје, Славица Темелковски е обвинител?

С – Јавниот обвинител е известена усно дека недостасува пиштол.

П – Дали колегите од СВР Скопје ги известивте дека освен направениот увид на списи и предмети, дека недостасува еден пиштол?

С – Беа известени.

П – Што одговорија колегите на Вашето известување?

С – Не се сеќавам.

П – Ги запознавте со дозволите на име на Боре Видевски?

С – Да, усно се известени.

П – Дали некој друг запознавте со фактот дека недостасува оружје?

С – Освен јавното обвинителство и колегите од СВР Велес и СВР Скопје други не знаеја.

ОБВИНИТЕЛСТВО, вкрстено испрашување

О – Кажавте дека не сте имале можност да го прашате Боре Видевски каде е оружјето бидејќи истиот бил спроведен и не сте можеле да остварите контакт. Точно е дека на 03.12 лицето Боре Видевски беше спроведено во СВР Скопје заради понатамошна постапка? Дали списите се доставени до СВР Скопје?

С – Да.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Кој се плаши да види колку народ…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…

Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Ученик од Велес со лисици врзал соучесник…

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште…