Борисов до Ковачевски: Фатете го бикот за роговите
На крајот од официјалната посета на Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски беше примен од лидерот на бугaрската партија ГЕРБ, Бојко Борисов.
На средбата од бугарска страна присуствуваа двајца поранешни министри за надворешни работи, Екатерија Захариева и Даниел Митов, како и поранешниот вицепремиер Томислав Дончев, информираше дописникот на МИА од Софија.
Уште на почетокот на средбата Борисов ја напомена улогата на Бугарија за рестартирањето на процесот на евроинтеграции на Западен Балкан, кое започна за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година.
Тој исто така нагласи, дека целиот демократски западен свет го прифатил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија во август 2017 година од страна на Борисов и поранешниот премиер Зоран Заев.
За време на разговорот со македонската делегација, предводена од премиерот Ковачевски, Борисов кажа дека Скопје не треба да ги одложува клучните теми за на крај.
– Тоа беше наша грешка. Важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш. Фатете го бикот за роговите. Решете ги веднаш, истакна Борисов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…